Словенечки Рико сака да инвестира во Македонија

Амбициозен план за учество во повеќе проекти од областа на енергетиката и екологијата во Македонија, најави словенечкото претпријатие Рико.

sostanok
состанок

Амбициозен план за учество во повеќе проекти од областа на енергетиката и екологијата во Македонија, најави словенечкото претпријатие Рико.

Раководството на Рико деновиве во Љубљана пред група македонски новинари претстави дел од своите планови за Македонија, а информираше и за текот и динамиката за неколку проекти во Македонија и Словенија, на кои е активна компанијата.

Како што истакна сопственикот на Рико, Јанез Шкрабец, компанијата е заинтересирана за изградба нa хидроцентралите „Чебрен“, „Галиште“, „Бошков мост“, како и за една хидроцентрала на реката Вардар.

Рико е веќе активно присутна во енергетскиот сектор во Македонија, на изградба на хидроцентралата „Света Петка“ (Матка 2), откако беше избрана на тендер од страна на ЕЛЕМ.

Проектот Матка 2 е од големо значење за Македонија и претставува круцијална инвестиција во време на светска економска криза, проследена со постојан недостаток на енергетски природни ресурси, истакнуваат од Рико.

Истовремено Рико изразува уверување дека во соработка со ЕЛЕМ ќе се изнајде заедничко решение за проблемот кој произлезе поради моментната состојба на светскиот економски пазар.
Словенечки Рико сака да инвестира во Македонија

direktoriЦената за проектот „Матка 2“, како и во случајот со останатите централи во светот кои во моментот се во фаза на изградба, претрпува ребаланс на планираните инвестиции, бидејќи се неопходни повеќе финансиски средства.

Инвестициската вредност за изградба на енергетски објекти на светскиот пазар се зголемува, што може да се види преку примерите во Словенија.

ХЕЦ Бланца, која произведува 39 mw и чија првична инвестиција била 60 милиони евра, сега има вредност од 100 милиони евра, а ХЕЦ Кршко со 40 mw, од првична инвестиција од 60 милиони евра, достигна вредност од 100 милиони евра.

Актуелната цена на изградба на хидроцентрала во светот изнесува 2,5 милиони евра на еден мегават.

Словенечкото претпријатие е активно и на неколку еколошки проекти во Македонија, во кои одлично соработуваат со власта.

Рико ја доби довербата за изградба на комунално пречистителна станица за отпадни води во скопската населбата Волково.

Пречистителната станица, според најавите, ќе биде слична на станицата, која Рико ја изгради во словенечкиот град Требовље, според европски стандард.

Рико, во соработка со своите партнери, за потребите на македонската Влада изработи Национална стратегија за управување со отпадоци, како и
Стратегија за управување со медицински отпад.

Во фаза на подготовка се и проектот за изработка на Национална стратегија за управување со водите во Македонија и план за санација на индустриското бреме на рафинеријата ОКТА.

За овие проекти обезбедени се неповратни средства од Официјалната словенечка програма за развој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top