22 лица ја прекршиле забраната за движење, а 382 лица добија казни за неносење маска во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија.
Од 00:00 до 04:00 часот на 27-ми мај 2021 констатирано е дека 22 лицa не ја почитувале забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие пак (26-ти мај/27-ми мај 2021 година) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 382 прекршоци.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на COVID-19.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град