Се собираат потписи за референдум против дигитализација на учебниците

Од денес до четврток, граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ ќе собираат потписи за да се прифати иницијативата за распишување референдум за дигиталните учебници.

 |   | 

Тие се спротивставуваат на предлогот на Министерството за образование и наука за реформи во образованието, во делот на дигитализацијата на учебниците.
Според информацијата од Иницијативата, собирањето на потписите започнува во подрачното одделение во Центар во Скопје и во подрачното одделение на ДИК во Битола за општините Битола, Новаци и Могила, а во следната фаза ќе се организира во сите останати подрачни единици на ДИК.

Правото на покренување иницијатива за референдум е легитимно затоа што е уставно загарантирано. Но, сепак, причината поради која се користи ова право не е оправдана, апсурдно е на референдум да се блокира напредокот и дигитализацијата со која се осовременува образованието, велат од Министерството за образование и наука. Во соопштението на МОН стои дека новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали ќе ги донесе европските практики во нашите училишта, а придобивките од него, согласно планот за имплементација на реформите, етапно ќе стануваат достапни за учениците од различни одделенија во следните 5-6 години.
Посочуваат дека во меѓувреме, до усвојување на законот, секој има можност за учество во негово подобрување преку конструктивни сугестии и забелешки, кои Министерството ќе ги разгледува, земајќи го предвид најдобриот интерес на учениците.
Од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ за во среда закажаа протести во целата држава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top