СДСМ со ново раководство

Сања Лукаревска ќе седне на местото на Радмила Шеќеринска како заменик претседател на Заев во владејачката СДСМ. Од вкупно 703 делегати Лукаревска која доажа на оваа позиција по предлог на Заев ја поддржаа 682 делегати, а само двајца гласаа против.

 |   | 

Сања Лукаревска ќе седне на местото на Радмила Шеќеринска како заменик претседател на Заев во владејачката СДСМ. Од вкупно 703 делегати Лукаревска која доажа на оваа позиција по предлог на Заев ја поддржаа 682 делегати, а само двајца гласаа против.

Избрани се и членовите на Централниот опдбор со 668 гласа на делегатите За и 6 против. Меѓу попознатите имиња од партијата ги спомнуваат Андријана Будимир, Ана Данева Марковска, Софија Пејкова, Нина Фити Неделковска.

Избран е и надзорниот одбор кој пак брои 9 члена Сепак, оставена е можност, во наредните четири години, ЦО да биде проширен со уште најмногу десет члена, согласно со промемните на Статутот што се носеа денеска.

Во своето обраќање пред делагатите пак премиерот Заев се заблагодари на досегашната соработка на членовите кои не се дел од новото раководство, но и на досегашната потпретседателка Радмила Шеќеринска која и официјално се повлекува од сите партиски функции.

Во насока пак на информациите за новите фракции, така нареченото скопско крило но и шпекулациите за евентуалното формирање на паралелни и независни листи на престојните локални избори како и можноста за формирање на нова партија, портпаролката на СДСМ Богданкла Кузевска во разговор за ТВ 24 вели дека учеството на делегатите на овој конгрес денеска само го потврдува единството и сплотеноста на партијата.

Она на кое ќе се фокусираат социјал демократите во престојниот период се новите политики кои ги темелат на 5 столба, но и велат очекуваат нови успеси со новите и млади кадри кои во неколку наврати премиерот Заев ги најавуваше.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top