Станови за самостојно живеење денеска во Демир Капија ќе им бидат доделени на пет лица со интелектуална попреченост.
Станови за самостојно живеење денеска во Демир Капија ќе им бидат доделени на пет лица со интелектуална попреченост.
Тие ќе имаат постојано грижа од страна на три вработени стручни лица.
Согласно Националната стратегија за деинституционализација 2008-2018 досега се отворени пет станбени единици за лица со интелектуална попреченост, по две во Скопје и Неготино, и една во Демир Капија.
Во нив се сместени 23 лица со интелектуална попреченост од Специјалниот завод Демир Капија.
До крајот на 2009 година се планира отворање на 24 станбени единици во коишто ќе бидат сместени 96 лица, соопшти Министерството за труд и социјала.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град