Воена делегација на вооружените сили (ВС) на Република Турција, предводена од началникот на Генералштабот на ВС на Република Турција, генерал Илкер Башбуг, од денеска претстојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија.

Турската воена делегација ќе биде пречекана со високи воени почести, од нивниот домаќин началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски.
Реформските процеси во одбраната и трансформацијата на АРМ, нејзината формациска поставеност, како и проширување на билатералната воена соработка помеѓу двете армии и идните заеднички перспективи на полето на одбраната, ќе бидат темите на кои ќе се разговара за време на дводневната официјална посета.
Генералот Илкер Башбуг, како што е најавено, ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски и од министерот за одбрана Зоран Коњановски.
АРМ има одлична соработка со ВС на Република Турција, на сите полиња, а особено во обуката, военото образование, опремувањето и употреба на единици во мировни мисии предводени од НАТО.
Република Турција има долгогодишно искуство како членка на НАТО и има развиено високи стандарди во градењето на сопствените ВС. Од формирањето на АРМ до денес Турција континуирано и несебично ја помага и го поддржува нејзиниот прием во НАТО.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град