Во рамки на соработката помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Центарот за безбедносна соработка РАКВИАК од денеска до 18-ти јуни во Охрид ќе се одржи работилница на Работната група за транзиција на воениот персонал.

Целта на работилницата е размена на искуства на претставниците од државите од регионот на Југоисточна Еворпа и експертите од НАТО – членките во врска со прашањата од доменот на редукција и транзиција на воениот персонал, заради изградба и воспоставување заеднички пристап кон давањето помош и поддршка на поранешниот воен персонал за поефикасно прилагодување за живот и работа во цивилните структури, по престанокот на воената служба.
На работлницата ќе присуствуваат и постојани претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Молдавија, Романија, Србија, Црна Гора, како и експерти од НАТО, ОБСЕ, ИОМ и од Буз Ален Хамилтон советодавните тимови во Министерството за одбрана на Република Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град