Нуклеарна централа во Mакедонија, да или не?

Министерството за економија го испитува пулсот на граѓаните за изградба на нуклеарна централа во земјава.

nuklearna centrala
нуклеарна централа

Министерството за економија го испитува пулсот на граѓаните за изградба на нуклеарна централа во земјава.

nukelearna centralaПреку анкета на веб страната ги повикува да гласаат дали се за подобрување на енергетските капацитети со изградба на нуклеарка во земјава или Македонија да се вклучи во некој проект надвор од земјава или пак се против идејата за атомска централа. Од Министерството за економија велат дека целта е да земе во предвид и мислењето на граѓаните при носење одлука за изградба на ваков стратешки објект. По оваа анкета ќе следи уште една професионална што ќе ја спроведе агенција.

Дали Македонија да го надополни енергетскиот систем со атомска централа став веќе изградија академиците од МАНУ кои што ја подготвуваат енергетската стратегија. Професорите во стратегијата препорачуваат нуклеарка да се изгради по 2025 година на локацијата кај Мариовско. Централата би се изградила во комбинација со „Чебрен“ и според академиците таа ќе има огромна флексибилност ќе произведува од 300 до 1300 мегавати. Доколку се земе во предвид еколошкиот аспект академиците не негираат дека е подобро да не се гради нуклеарката. Во соседството ваков објект гради Бугарија, нуклеарката „Белене“, откако претходно се затвори „Козлодуј“. Македонија станува се повеќе увозно зависна од струја, а според анализите потребата од струја во регионот во наредните години ќе се зголеми за нови 20 гигавати.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top