Владата на денешната 82-ра седница ги усвои Протоколите за постапување на основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година
Владата на денешната 82-ра седница ги усвои Протоколите за постапување на основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година
Владата денеска донесе одлука за формирање на работна група во којашто ќе учествуваат претставници од Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и од Канцеларијата на претседателот на Владата. Оваа работна група ќе ја следи состојбата и ќе дава мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за спроведување на наставата во услови на КОВИД-19 по поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, како исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното.
Во рамките на заклучоците по оваа точка, Владата го задолжи Министерството за образование и наука да го промени календарот за учебната 2020/2021 година со што наставниот процес наместо на 1-ви септември да започне на 1-ви октомври 2020 година.
На оваа своја седница Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести согласно која сите патници, државјани на Косово коишто транзитираат низ Македонија, задолжително да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
На денешната седница Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика (свадби, матурски, крштевки и слично), со цел спречување на ширење на вирусот.
Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за август 2020 година, и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 01.09.2020 година за да се обезбеди достапност на средствата за паричните права од социјална заштита за месец август преку банкомати и во трговските мрежи од 02.09.2020 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град