Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, денеска и утре ќе учествува на Состанокот на министри и Самитот на шефови на Влади на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСИЈЕ) што се одржува во Кишињев, Молдавија.

Тема на министерскиот состанок е улогата на ПСЈИЕ во јакнењето на регионалната соработка и интензивирање на соработката помеѓу земјите на политичко ниво во сферите од заеднички интерес.
На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи Милошоски ќе оствари неколку билатерални средби со свои колеги од земјите во регионот. Паралелно со овие состаноци ќе биде одржан и Годишниот состанок на Советот за регионална соработка.
На вториот ден од работата на Самитот ќе биде разгледана ситуацијата во регионот и ќе биде усвоена и заедничката деклерација на шефовите на држави и влади на ПСЈИЕ Самитот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град