Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на коронавирус.
Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 38 оздравени пациенти во:
– Скопје 19
– Тетово 3
– Струга 9
– Битола 4
– Гостивар 3
Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на коронавирус и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1. Со ова, вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на ковид-19 пристигнал вчера.
Во изминатиот ден направени се 279 теста, а досега во земјата се направени вкупно 16050 тестирања на ковид-19.
Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, денеска нема да одржи прес-конференција, но Службата за односи со јавност е отворена за сите новинарски прашања, и истите ќе бидат одговорени во најкраток можен рок.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град