18 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАТА – ПОЧИНАА ДВЕ ЛИЦА ОД КОИ ЕДНО НА 31 ГОДИШНА ВОЗРАСТ

Две лица кои беа заболени од коронавирусот утрово починале на Клиниката за инфективни болести, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. 

 |   | 

Две лица кои беа заболени од коронавирусот утрово починале на Клиниката за инфективни болести, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Едниот пациентите бил на возраст од 91-година и бил примен на Клиниката пред осум дена, додека вториот починат имал 31-година. На 31-годишниот скопјанец вчера наеднаш му се влошила состојбата и тој влегол најтешката форма на болест позната во литературата, бил исто така пациент кој имал вишок на килограми и како што рече Филипче, со внатрешно крварење, кај него дошло до распад на белите дробови. Вкупната бројка на починати во Македонија се искачи на шест.

Министерот Филипче притоа информираше дека денеска се потврдени уште 16 новозаболени со коронавирус, од кои три лица од Скопје и Куманово се хоспитализирани на Инфективната клиника. Вкупната бројка на заболени во змејава се искачи на 257. Во моментов таму се наоѓаат 49 лица од кои седум си потешка клиничка слика, но засега нема пациент ставен на респираторна машина, информираше Филипче.

Истовремено министерот за здравство рече дека и двајца од пациентите таму на вториот тест покажале дека се негативни на коронавирусот, а утре втор тест ќе им се прави на уште пет пациенти, по што очекуваат за неколу дена седум лица како излекувани да бидат пуштени дома.

Во однос на случајот со вчера починатата пациентка од струшко, која не била примена на инфективно во ЈЗУ Општа болница-Охрид, министерот за здравство Венко Филипче, информираше дека директорката на болницата ќе биде сменета. И Министерството за здравство и Охридското јавно обвинителство ќе ги истражуваат околностите на смртта на 66 годишната жена од Струга која почина во саботата од последиците на коронавирусот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top