Откажување на сите поголеми јавни собири до 6 март


Мерките за запирање на ширењето на корона вирусот даваат резултати и за натамошна превенција се препорачува откажување на сите поголеми јавни собири до 6 март, информираат од Владата.

 |   | 

Владата во насока на натамошна превенција на ширење на корона вирусот на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи донесе заклучок да им се препорача на организаторите да ги откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година.Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп“ и сите слични. Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се одненсува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации.Владата на денешната седница препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваатврз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести. На оваа седница, Владата ги задолжи Пазараната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија да направи увид и контрола на залихите на заштитните средства за заштита од пренесувањето на вирусот во аптеките и доколку утврди неосновано покачување на цените да преземе мерки соодветно за законските прописи и овластувања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top