Агенцијата и воздухопловната навигација се раздвојуваат

Стартува поделбата во цивилното воздухопловство. Агенцијата до крајот на месецот и Воздухопловната навигација ќе станат два посебни субјекти.

tabla
табла

Стартува поделбата во цивилното воздухопловство. Агенцијата до крајот на месецот и Воздухопловната навигација ќе станат два посебни субјекти.

AeerodromЕдните ќе регулираат, а другите ќе бидат задолжени за давање услуги. Одвојување кое е регулирано законски и на кое се чека веќе 2 години.

Но клучниот момент во поделбата ќе бидат парите.

Неофицијално од вкупните примања, агенцијата ќе добива само 20%, а поголемиот дел ќе се слеваат во Воздухопловната навигација.

Но на двата посебни субјекти нема да им биде дозволено да остваруваат профит, туку сите средства ќе мора да се искористат наменски. А контрола врз вкупниот буџет ќе има Владата и Еуроконтрол. Тоа значи дека за секое инвестирање, набавка на потребен материјал или било каков трошок ќе мора да поднесат извештај. А туку спаѓаат и платите на вработените.

Првите подготовки за поделбата се почнати. Владата ги избрала и членовите на Надзорниот и Управниот одбор.

Следниот чекор ќе биде регистрација на фирмата на Воздухопловната навигација во македонска навигација.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top