Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје доцна синоќа регистрираа нови земјотреси од серијата која започна на 23 мај и се уште трае.
Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје доцна синоќа регистрираа нови земјотреси од серијата која започна на 23 мај и се уште трае.
Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 125 километри југоисточно од Скопје и потекнуваат од валандовското епицентрално подрачје.
Според последните податоци, синоќа се почувствувани уште два земјотреса и тоа првиот 20 минути по полноќ и вториот 46 минути по псле полноќ. Двата земјотреси се почувствувани во Богданци и во Валандово со интензитет од В степени според Европската макросеизмичка скала-1998 (ЕМС-1998).
Сеизмолошката опсерваторија со својата телеметриска мрежа на станици во Охрид, Битола, Валандово, Штип, Крушево и Крива Паланка, како и станиците од мрежата на ХЕЦ „Козјак“, денеска соопшти дека досега има регистирани 180-тина земјотреси, од кои 40-тина беа почувствувани.
Најсилните од серијата земјотреси кои беа регистрирани се вчера во 18 часот и 17 минути, со јачина во жариштето 4.9 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван во епицентарот со интензитет од ВИИ степени според Европската макросеизмичка скала-1998 (ЕМС-1998) и во 21 часот и 37 минути со јачина во жариштето 4.3 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван во епицентарот со интензитет од ВИ степени според Европската макросеизмичка скала-1998 (ЕМС-1998).
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град