Сојузничките шефови на држави и влади се собраа во Лондон за да ја одбележат 70-годишнината од основањето на НАТО. Знамето на РС Македонија е на почесно место како нова членка на Алијансата, меѓу знамето на НАТО и на домаќинот Велика Британија.
Сојузничките шефови на држави и влади се собраа во Лондон за да ја одбележат 70-годишнината од основањето на НАТО. Знамето на РС Македонија е на почесно место како нова членка на Алијансата, меѓу знамето на НАТО и на домаќинот Велика Британија.
Знамињата на 30 земји членки на НАТО пред Бакингамската палата во Лондон
Во 1949 година, Велика Британија беше една од дванаесетте основачки членки на НАТО, а Лондон беше дом на првото седиште на НАТО.
Лидерите на денешната средба ќе донесат одлуки за понатамошно зајакнување на Алијансата и продолжување на реформите.
Вечерва, нејзиното величество кралицата Елизабета Втора ќе биде домаќин на прием за лидерите на НАТО во Бакингамската палата.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе разговара за главните теми на состанокот со лидерите на земјите членки, меѓу нив и на Македонија.
Нашата земја ја претставуваат премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Во хотелот „Гроув“ во Лондон ќе се состанат за да се зборува за пронаоѓање на решение на тековните безбедносни проблеми и да донесат одлуки за да се осигура непреченото постоење на НАТО, информираат од Алијансата.
Се очекува да се договорат голем број мерки, вклучително и натамошно подобрување на подготвеноста на сојузничките сили, признавање на просторот како оперативен домен и ажурирање на акциониот план на НАТО против тероризмот.
Лидерите треба да имаат и стратешка дискусија за Русија, иднината на контролата на оружјето, како и подемот на Кина.
Исто така, од сојузниците се очекува да го проценат напредокот постигнат во делењето на товарот во Алијансата.
Ова е петта година по ред на растечка инвестиција во одбраната, со тоа што европските сојузници и Канада треба да вложат дополнителни 130 милијарди американски долари до крајот на 2020 година, а таа бројка ќе се искачи на 400 милијарди долари до крајот на 2024 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град