Во Битола по 28. пат, на едно место ќе се соберат младите ликовни уметници од светот, кои со четка и боја во рацете ќе ги пренесуваат архитектонските вредност создадени од македонските мајстори и градители.
Во Битола по 28. пат, на едно место ќе се соберат младите ликовни уметници од светот, кои со четка и боја во рацете ќе ги пренесуваат архитектонските вредност создадени од македонските мајстори и градители.
Македонија скоро три децении преку малиот битолски Монмартр е препознатлива ликовна и сликарска дестинација за децата од светот. Симболот на Монмартр е инспирација за нас, а уникатните градби во Битола,
Охрид и Крушево, се голем мотив за децата, вели раководителот на колонијата, Коста Хаџи-Антоновски, во пресрет на вечерашното отворање во изложбениот салон „Магаза“.
Според востановената традиција, вечер ќе биде доделена гран-при наградата која годинава ја освои детското студио „Симпли арт“ од Хонг Конг, како и специјалната поединечна награда на Дилара Матарачи од турскиот град Трабзон.
На годинешниот меѓународен конкурс се пријавија деца од 25 држави во светот, од 356 училишта, а во Битола, Охрид и Крушево ќе престојуваат и сликаат деца од Турција, Бугарија, Романија, Украина, Белорусија, Русија, Индија, Полска, Кина, Франција и Србија, посочи Хаџи Антоновски.
Годинава за прв пат затворањето на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ ќе се одржи на Гумење во Крушево на 30 мај.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град