Груевски кај Саркози

Претседателот на Франција Никола Саркози денеска во Париз ќе го прими македонскиот премиер Никола Груевски.

Nikola Sarkozi
Никола Саркози

Претседателот на Франција Никола Саркози денеска во Париз ќе го прими македонскиот премиер Никола Груевски.

Nikola GruevskiСпоред најавите, се очекува Груевски и Саркози да разговараат во врска со визната либерализација за македонските граѓани, а не се исклучува можноста да стане збор и за проблемот со името.

Претседателот на Франција во повеќе наврати покажа резерви кон проширувањето на Унијата, пред таа внатрешно да се консолидира.

Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел деновиве се изјаснија против бескрајното проширување на Европската унија, конкретно против членството на Турција.

Македонија од 2005 година е кандидат за членство во ЕУ, а годинава се надева на укинување на визниот режим.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top