37. Мајски оперски вечери

Со операта „Бал под маски“ на Џузепе Верди вечер во 20 часот ќе бидат отворени 37. Мајски оперски вечери.

opera
опера

Со операта „Бал под маски“ на Џузепе Верди вечер во 20 часот ќе бидат отворени 37. Мајски оперски вечери. Режисер на оперската претстава е Уши Хорнер од Австрија, а диригент е Урош Лајовиц од Словенија.

Македонската сопранистка Весна Гиновска-Илкова првпат ќе се појави во улогата на Амелија. Во изведбата на „Бал под маски“ ќе настапат и солистите Ѓорѓи Цуцковски, Горан Начевски, како Софија Амели од Хрватска.

operaГодинашново издание на Мајските оперски вечери ќе има шест оперски и една балетска претстава и оти во секоја од нив учествува по една звезда од големите оперски сцени.
На програмата на МОВ се и оперите „Набуко“, „Травијата“ и „Аида“ од Верди, „Мадам Батерфлај“ од Пучини, гала оперскиот концерт на светски познатиот тенор Русинот Владимир Галузин и украинската сопранистка Наталија Тимченко и балетот „Лебедово езеро“ на Чајковски. Меѓу познатите солисти кои ќе настапат се Фабијана Браво во „Мадам Батерфлај“, Ана Лукреција Гарсија во „Аида“, Оксана Кучерук во „Лебедово езеро“ итн.

Ќе биде изведена оргиналната верзија на „Бал под маски“ односно онака како што ја напишал Верди. Приказната се базира врз историски настан за убиството на шведскиот крал Густав Трети, кое било извршено за време на еден маскенбал. Еден од главните ликови во претставата е Рикардо кој во оваа верзија го носи името на Густав.

„Бал под маски“ последен пат на сцената на МОБ беше изведена во 1989 година.
Фестивалот традиционално се затвора на 31 мај со операта „Аида“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top