Унгарскиот министер за одбрана во официјална посета на Македонија

Делегација на Министерството за одбрана на Република Унгарија предводена од министерот за одбрана Имре Секереш од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија.

Imre Sekeres
Имре Секереш

Делегација на Министерството за одбрана на Република Унгарија предводена од министерот за одбрана Имре Секереш од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија.

Imre SekeresЗа време на посетата министерот Секереш ќе оствари средба со министерот за одбрана Зоран Коњановски на која ќе се разговора за билатералната соработка во областа на одбраната меѓу двете земји, безбедносната ситуација во регионот, НАТО интеграцијата на Македонија, како и за одбранбените и воените реформи.

Двајцата министри ќе потпишат и Спогодба за воена соработка.
Унгарскиот министер за одбрана ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски, како и со претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Влатко Ѓорчев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top