Матурантите денеска треба да бидат официјално информирани за обврската за екстерно тестирање.
И покрај најавите на почетокот на годината дека тие ќе бидат изземени од тестирањето поради полагањето државна матура, сепак од Министерството за образование најавуваат дека екстерното тестирање ќе важи и за нив и ќе се спроведе од 11 до 20. мај.
Од Министерството за образование соопштуваат дека Законот е донесен во јуни 2008. година и дека таму децидно било кажано кој треба да полага.
Скопските матуранти вчера попладне се собраа пред Министерството за образование, за да го изразат својот протест поради воведувањето на екстерното тестирање.
Според матурантите, на почетокот на годината им било речено дека ова тестирање нема да важи за нив бидејќи биле оптоварени со матурата, а сега им се воведува и тие немаат доволно време да се подготват.
Матурантите најавуваат дека доколку Министерството за образование не ја повлече оваа одлука ќе продолжат со протестите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град