Датумот е кристално jасен и владата точно знае што треба да се сработи

Датумот за отпочнување на пристапни преговори за Македонија со Европската Унија е кристално јасен, кажа владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес конференција.

 |   | 

Датумот за отпочнување на пристапни преговори за Македонија со Европската Унија е кристално јасен, кажа владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес конференција. За да бидат отворени преговорите, Македонија мора да исполни четири услови: да ги спроведе итните реформски приоритети, да го спроведе договорот со Грција, да добие позитивен извештај од Европската Комисија и одлука од Советот на ЕУ. Во поглед на реформите, Македонија особено треба да се фокусира на судските реформи, реформи за борбата против корупцијата, реформа на разузнавачките и безбедносните служби и на јавната администрација

„Станува збор за видливи и одржливи резултати кои мора да ги постигнеме како држава и ние веќе работиме на тоа. Во однос на реформите во судството, проактивни истраги, обвинителство и завршни одредби во корупциски и организирани криминални случаи, вклучувајќи ги и високите нивоа. Овде треба да имаме видливи резултати, односно процесите кои се во тек да имаат адекватна завршница“, рече Бошњаковски.

Тој кажа дека во однос реформите на безбедносните служби веќе се  работи на отворање на Оперативно-техничка агенција (ОТА) која треба да врши следење на комуникациите. Владиниот портпарол додаде дека се работи и на реформи во администрацијата.

„Треба да покажеме дека остануваме на реформскиот курс и  од истиот нема да отстапиме до јуни 2019 година. Наскоро и јавно ќе го објавиме планот 18, кој веќе го најавивме и во него ќе ги има точно сите индикатори што точно треба да се работи. Ве уверуваме дека точно знаеме што треба да се работи, знаевме уште пред една година .“ -потенцира Бошњаковски.

Од Владата сметаат дека реформските напори се препознати од цела ЕУ и  затоа  министрите во Луксембург се залагале да го добиеме датумот. Првпат во последните 15 години пријателски земји-членки на Европската унија ги бранеа интересите на македонските граѓани, рече Бошњаковски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top