Укината забраната за продажба на алкохол

Собранието со 62 гласа „за“ ги изгласа измените на Законот за трговија со кои се укина забраната за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот.

 |   | 

Собранието со 62 гласа „за“ ги изгласа измените на Законот за трговија со кои се укина забраната за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот.
Со измените, се дозволува продажба на алкохолни пијалоци и во киосците, но остана забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските пумпи. Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години.  Останува и обврската објектите кои сакаат да продаваат алкохол, и понатака да имаат лиценци. Владата уште во мај годинава ги достави измените за укинување на забраната за продажба на алкохол после 19 часот. Измените на Законот за трговија, кои ќе стапат на сила осум дена по објавување во Службен весник на РМ, ги бараше Стопанската комора на Македонија.  Одлуката за забрана беше донесена во 2008 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top