Јанкуловска во посета на Прага

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска учествува на министерска конференција насловена “Градење на миграциски партнерства” во Прага.

Gordana Jankulovska
Гордана Јанкуловска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска учествува на министерска конференција насловена “Градење на миграциски партнерства” во Прага.

PragaНа конференцијата, која се одржува како дел од чешкото претседателство на Советот на Европската Унија и која вклучува учество на земјите од Европската Унија и Шенген зоната, земјите од Југоисточна и Источна Европа, Централна Азија како и Турција, ќе се усвои заедничка министерска Декларација, која го изразува заедничкиот интерес за зајакнување на заемната соработка во управувањето на миграциите.

Во рамките на средбата ќе бидат отворени повеќе теми за прашањата околу борбата против илегалната миграција, реадмисијата, трудовата миграција, како и интеграцијата, миграцијата и развојот, а во рамките на отпочнување на процесот на градење на такви форми на меѓусебна соработка.

Притоа, предвидено е и министерката Јанкулоска да има свое обраќање во врска со миграциската политика и активностите на тој план што согласно европските нормативи и препораки ги превзема Македонија.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top