Висока владина делегација од Македонија денеска ќе престојува во работна посета на Женева, Швајцарија каде ќе биде потпишана Спогодба за соработка со Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН).
Висока владина делегација од Македонија денеска ќе престојува во работна посета на Женева, Швајцарија каде ќе биде потпишана Спогодба за соработка со Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН).
Спогодбата ќе овозможи соработка со ЦЕРН и воспоставување на една рамка со која долгорочно ќе се осигура можноста за учество на Македонија во истражувачките проекти на ЦЕРН, поврзани со научна и техничка соработка на полето на физиката.
Македонија преку јавните Универзитети ќе има можност за учество во истражувачките проекти на ЦЕРН во областа на експерименталната и теоретска физика, акцелераторско и детекторско инженерство, медицински апликации од детекторските технологии и пресметување.
Спогодбата, ќе им овозможи на голем број научници, инженери и студенти од државата да аплицираат за учество на предавања, обуки и истражувања во училиштата на ЦЕРН, меѓу кои и на Училиштето за акцелератори и Училиштето за пресметување.
Македонската делегација ја сочинуваат премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Ивица Боцевски и академик Јордан Поп – Јорданов, директор на Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали, при Македонската академија на науките и уметностите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град