Советот на Европа треба да го разгледува извештајот за претседателските избори во Македонија во рамки на редовната сесија на Парламентарното собрание во Стразбур, што почнува денеска.
Советот на Европа треба да го разгледува извештајот за претседателските избори во Македонија во рамки на редовната сесија на Парламентарното собрание во Стразбур, што почнува денеска.
Свое обраќање на редовната сесија што ќе трае до 30. април, се очекува да имаат претседателот на Финска, Тарја Халонен, како и премиерот на Шпанија, Хозе Луис Родригез Запатеро.
На сесијата ќе се разгледуваат и повеќе актуелни теми како хуманитарните последици од војната меѓу Грузија и Русија, состојбата со бранителите на човековите права во земјите-членки на Советот на Европа, акцијата за борба против кршењето на човековите права врз основ на полот и други.
На почетокот од сесијата ќе се одбележи и 60 годишнината од основањето на Советот на Европа.
Според најавите, на сесијата ќе учествува и делегација на македонското Собрание во состав Ермира Мехмети, Игор Ивановски, Зоран Петрески и Андреј Жерновски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град