Штрајкот на контролорите на летање во мирување

Авиосообраќајот денеска нема да биде блокиран и ќе се одвива во согласност со претходно утврдениот ред на летање.

kontrolori
контролори

Авиосообраќајот денеска нема да биде блокиран и ќе се одвива во согласност со претходно утврдениот ред на летање, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), откако вчера беше постигнат договор со Синдикатот на контролорите на летање да го стави во мирување најавениот штрајк за денеска од 9 до 19 часот.
Одлуката за ставање на штрајкот во мирување уследи по решението на Министерството за финансии со кое се уважи жалбата на АЦВ против решението на Управата за јавни приходи, за наплата на поврат на ДДВ и предметот го врати на повторна постапка.

aerodromПреку штрајкот контролорите на летање бараа да се укине решението на УЈП за наплата на 10 милиони евра од сметката на АЦВ, по основ на поврат на ДДВ, со што ќе дојдеше до блокада на сметката на Агенцијата.
Според претседателот на Синдикатот на контролорите на летање Александар Тасевски со Предлог-спогодбата што беше потпишана вчера  се опфатени мерки за исполнување на поставените барањаа, а штрајкот е ставен во мирување.  

„Ќе чекаме до 31 мај да се исполни предвиденото во Спогодбата, а доколку тоа не се случи на 2 јуни повторно ќе го активираме штрајкот се до исполнување на барањата“, изјави Тасевски.

Контролорите на летање минатиот четврток одржаа двочасовен препупредувачки штрајк при што на скопскиот и на охридскиот аеродром не беа дозволени ниту полетувања, ниту слетувања, а се опслужуваа само прелетите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top