Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска ќе престојува во работна посета на Европската комисија во Брисел, при што ќе оствари средба со комесарот за проширување Оли Рен.

На средбата ќе се разговара за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија, за напредокот во спроведувањето на клучните приоритети од Пристапното Партнерство и перспективите за започнување нова фаза во односите со Унијата со отворање на пристапните преговори. Ќе се разговара и за укинувањето на визниот режим на Европската Унија кон Македонија, во светлина на спроведувањето на Патоказот за визна либерализација и оценските мисии што ги реализираа експерти од земјите-членки и Европската Комисија во Македонија во првото тромесечје од оваа година.
За време на посетата на Брисел, министерот Милошоски ќе се сретне и со генералниот директор во Советот на Европската унија Роберт Купер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град