Турски Тав се подготвува да ги преземе аеродромите

Делегација од турската компанија заедно со претставници од Европската банка за обнова и развој беа во посета на скопскиот и охридскиот аеродром.

logo
лого

Делегација од турската компанија заедно со претставници од Европската банка за обнова и развој беа во посета на скопскиот и охридскиот аеродром.

Менаџерите на ТАВ Македонија – компанијата што во наредните 20 години треба да оперира со двата аеродроми на банката и ги преставувале инвестициските планови. Детали од средбата никој јавно не сака да коментира, но според наши информации договарале за технички работи околу кредитирање за инфраструктурите проекти.

aerodromТурците имале средба и со Министерот за транспорт Јанакиевски. Од Министерството велат дека се работело за редовна средба без да се прецизираат детали околу преземањето. Дека интересот на Турците за македонските аеродроми не се намалува и по најавите за финансиските проблеми во компанијата, покажува и фактот дека менаџерите на ТАВ Македонија од почетокот на овој месец интензивно работат на анализа на аеродромите. Овие информациите ги потврдуваат и од скопскиот аеродром, но велат дека менаџерите на ТАВ засега не се мешаат во работење на аеродромските власти.

ТАВ требаше да ги преземе скопскиот и охридскиот аеродром и да гради нов карго аеродром уште во декември минатата година. Но поради финансиската криза, компанијата ја пролонгира инвестицијата вредна околу 260 милиони евра. Според најавите од Министерството за транспорт преземањето треба да се случи кон крајот на август оваа година.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top