Државната изборна комисија изутринава го заврши разгледувањето на преостанатите 34 приговори, кои беа поднесени од ПЕИ, коалицијата „Заедно за Шуто Оризари“, ВМРО-НП, СДСМ и од СДУ.
Државната изборна комисија изутринава го заврши разгледувањето на преостанатите 34 приговори, кои беа поднесени од ПЕИ, коалицијата „Заедно за Шуто Оризари“, ВМРО-НП, СДСМ и од СДУ.
Беше усвоен еден приговор од ПЕИ, за избирачкото место 1872, во селото Заграчани, општина Струга. Во изводот од избирачкиот список, во ова избирачко место, се запишани 1011 избирачи.
Во првиот дел од седницата, што почна завчера, беше усвоен и приговорот од ДУИ, за избирачкото место 2337 во општината Арачиново. Остатанатите 93 приговори беа одбиени.
До ДИК во законски предвидените крајни рокови пристигнаa вкупно 95 приговори за неделното гласање на претседателските и локалните избори.
Подносителите на приговори, доколку не се задоволни од решенијата на Државната изборна комисија, имаат право да поднесат тужба до Управниот суд.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град