Државната изборна комисија (ДИК) прифати само еден од досега разгледаните 61 приговори за вториот круг на локалните избори.
Државната изборна комисија (ДИК) прифати само еден од досега разгледаните 61 приговори за вториот круг на локалните избори.
На седницата што ја прекина доцна синоќа, ДИК го уважи само приговорот од ДУИ за избирачкото место 2327 во Арачиново, на кое се запишани 1921 избирачи.
Сите други приговори поднесени од ДУИ, ДПА, ВМРО – ДПМНЕ и група избирачи беа одбиени, соопшти ДИК.
Разгледувањето на преостанатите 34 приговори за вториот круг на изборите за градоначалници и советници ќе продолжи денеска.
Приговорите се поднесени од СДСМ, ВМРО – Народна, ПЕИ, СДУ и коалицијата „Заедно за Шуто Оризари“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град