Шеесет и четири издавачки куќи ќе учествуваат на 21. Саем на книга и либрографика кој во втората и третата хала на Скопски саем ќе се одржува од денеска до 14 април.
Шеесет и четири издавачки куќи ќе учествуваат на 21. Саем на книга и либрографика кој во втората и третата хала на Скопски саем ќе се одржува од денеска до 14 април.
На саемска површина од 7.000 метри квадратни ќе се претстават домашни и издавачи од регионот.
На најмасовната редовна културна манифестација во земјава ќе биде презентирана најновата книжевна продукција, жанровски разновидна литература, илустрирани изданија, канцелариски материјали и опрема. Саемот ќе организира секојдневни промоции на издавачите и средби со автори.
Саемот на книга се организира во соработка со Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ) и Здружението на албанските издавачи во Македонија. ЗИКМ и годинава ќе ги додели петте традиционални награди за најдобри изданија меѓу два саема, а првпат ќе биде доделено и признание за придонес во библиотекарската дејност. Ќе биде организирана и трибина за проектите на министерствата за култура и за образование и наука во кои се вклучени издавачките куќи.
Од денеска до 10 април во четвртата саемска хала ќе се одржуваат 12. Денови на образование и кариера, на кои 37 државни и приватни високообразовни институции од Македонија и од 13 земји ќе ги презентираат своите наставни програми. Манифестацијата им овозможува на идните студенти да се информираат за условите за студирање и за можностите за стипендирање. Ќе биде организирана и тркалезна маса посветена на универзитетската мобилност на Република Македонија и Европската унија.
Средното образование ќе биде претставено на посебна манифестација – „Образовно рандеву“, која Саемот ќе ја организира на 8-ми и 9 мај. Саемот работи од 10 до 20 часот. Влезницата е 30 денари, 20 денари за ученици и студенти, а слободен е влезот за деца до седум години и за пензионери.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град