Со Шведскиот танцов филм, базиран на танцот и движечката сила денеска започнува петиот „Танц-фест“, во организација на Културниот центар „Интерарт“.
Со Шведскиот танцов филм, базиран на танцот и движечката сила денеска започнува петиот „Танц-фест“, во организација на Културниот центар „Интерарт“.
Во рамките на фестивалот на 8 април во Македонската опера и балет ќе настапи холандската танц-академија од Ротердам со „Таленти во движење“. Истата вечер ќе и биде доделена наградата „Менада“ на примабалерината Ирена Ветерова.
Вечер на македонските кореографи ќе се одржи во МКЦ и во Музејот на современа уметност на 9 април.
Студентите од Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе се претстават на 12 април на ФДУ со кореографија инспирирана од претставата „Заспани“ на Чехов.
На 14-ти и 16 април ќе гостува Државната опера и балет од Истанбул со „Градина на розите“ и „Дамата со камелии“, со која ќе биде затворен „Танц-фест 2009“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град