Изборната кампања завршува на полноќ

Изборната кампања за неделниот втор круг на претседателските и локалните избори завршува на полноќ, кога настапува изборниот молк.

kutija
кутија

Изборната кампања за неделниот втор круг на претседателските и локалните избори завршува на полноќ, кога настапува изборниот молк.

Претседателскиот кандидат на владеачката ВМРО – ДПМНЕ Ѓорге Иванов последниот ден од кампањата ќе го искористи за средби со граѓани во општините Маврово- Ростуше, Центар Жупа, Дебар. Струга и Охрид

Во агендата на претседателскиот кандидат на опозициониот СДСМ Љубомир Фрчкоски се средби со граѓани од неколку општини во Скопје.

За вечерва е најавен и телевизиски дуел на двајцата претседателски кандидати.

Македонија в недела го избира својот четврти претседател, како и градоначалници во преостанатите 43 општини и во градот Скопје.

Право на глас имаат 1 792 082 гласачи запишани во избирачкиот список. Вкупно 2.976 избирачки места во недела треба да бидат отворени од 07 до 19 часот.

Повторување на гласањето од првиот круг претседателски избори нема. Избирачите ќе гласаат за двајцата кандидати што добија најмногу гласови во првиот круг, одржан на 22 март.

На гласачкото ливче за претседател со реден број еден е кандидатот поддржан од владеачката коалиција Ѓорге Иванов, а под број два е кандидатот на опозицијата Љубомир Фрчкоски. Иванов во првиот круг освои околу 35 отсто, а Фрчкоски 20 отсто од гласовите.

plakatiГрадоначалници се избираат во 43 општини и во градот Скопје. Гласањето од првиот круг се повторува во осум општини на 69 места, а советници во 21 општина на 119 избирачки места. Во првиот круг беа избрани 41 градоначелник.

Неизвесна битка за градоначалници се очекува во Охрид, Велес, Струга, Тетово, Гостивар, Берово, Крушево, Гевгелија и во скопските општини Карпош и Центар.

Претседателски избори ќе бидат успешни ако на гласање излезат повеќе од 40 насто од запишаните избирачи, додека за избор на градоначалници нема цензус. Советниците се избираат според мнозински модел.

Вториот круг претседателски и локални избори во Македонија ќе ги набљудуваат околу 200 меѓународни посматрачи од ОБСЕ/ОДИХР, Меѓународната федерација на франкофонијата, Парламентарното собрание на Советот на Европа и од Амбасадата на Словенија.
Изборите ќе ги надгледува и македонската невладина организација МОСТ.

Излезноста на гласачите во првиот круг избори беше 53,44 насто, а меѓународната набљудувачка мисија оцени дека првиот круг избори ги задоволи повеќето стандарди, по ланските предвремени избори кои беа проследени со бројни нерегуларности и инциденти.

Државната изборна комисија (ДИК) податоците за гласањето и одзивот ќе ги соопшти на в недела во 11,00, 14,00 и во 18,00 часот.
Првите изборни резултати можат да се очекуваат во недела до полноќ, а конечните ДИК треба да ги соопшти 24 часа по затворањето на избирачките места.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top