Светски ден на литературата за деца

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на литературата за деца. Датумот 2 април е денот кога бил роден познатиот дански писател за деца Ханс Кристијан Андерсен, авторот на „Грдото пајче“, „Принцезата на зрно грашок“ и „Царевото ново руво“.

Hans Kristian Andersen
Ханс Кристијан Андерсен

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на литературата за деца. Датумот 2 април е денот кога бил роден познатиот дански писател за деца Ханс Кристијан Андерсен, авторот на „Грдото пајче“, „Принцезата на зрно грашок“ и „Царевото ново руво“.

bibliotekaСекоја година една земја е меѓународен промотор на книжевноста за деца, а годинава тоа е Египет. Пораката и постерот за одбележување на овој ден се дело на египетскиот илустратор на книги за деца Хани Д. Ел-Масри.

По повод Светскиот ден на литературата за деца, издавачката куќа „Вермилион“ ќе и донира на библиотеката „Другарче“ 90 книги од своите изданија, во вредност од 31.000 денари. Ќе биде претставено и најновото издание на овој издавач –  новелата „Водениот коњ“ од британскиот писател за деца Дик Кинг Смит, преведен на македонски јазик од Марија Тодорова.
„Вермилион“ промовира литература за деца и млади од домашни автори и преводи од странски писатели. Издавачката куќа востанови откупна награда за необјавен роман или збирка раскази за деца од македонски автор кој промовира мир и толеранција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top