Обука на лица, кои работат и се грижат за деца со хендикеп денеска и утре ќе се организира во Британската амбасада во Скопје.
Обука на лица, кои работат и се грижат за деца со хендикеп денеска и утре ќе се организира во Британската амбасада во Скопје.
Програмата содржи обука за користење медицински помагала и воспоставување на систем на цели и активности со кои се подобрува независноста на движењето на луѓето со хендикеп.
Програмата следи индивидуален пристап и во зависност од индивидуалната состојба, се поставуваат степени на мерење на успех.
На обуката ќе присуствуваат вработени во центри за грижа на деца со хендикеп низ земјава.
Обуката ќе ја врши британската невладина организација “Move – Europe “, која работи на полето на грижа за луѓето со хендикеп повеќе од 10 години. Програмата се применува во повеќе од 300 училишта и институции низ Европа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град