Министерот за економија Фатмир Бесими од денеска до 1 април ќе престојува во Женева, Швајцарија, каде ќе учествува на 63-та сесија на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (УНЕЦЕ).
Министерот за економија Фатмир Бесими од денеска до 1 април ќе престојува во Женева, Швајцарија, каде ќе учествува на 63-та сесија на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (УНЕЦЕ).
Централни теми на сесијата се „Економскиот развој во регионот на Европа“ и „Справување и прилагодување со климатските промени – работата на УНЕЦЕ: Трансформирање на глобалните цели и заложби во регионални резултати“.
Министерот Бесими, денеска, во рамки на сесијата на третата панел дискусијата ќе се обрати на тема „Влијанието на финансиската криза врз мали и отворени економии“.
Според агендата, утре, министерот Бесими ќе оствари средби со високи претставници на Светската трговска организација-ВТО, на Светскиот економоски форум, на УНКТАД и на ЕФТА.
Економската комисија при ОН за Европа се состанува на секои две години заради утврдување на стратешките насоки на својата Програмата за работа и претставува форум за дијалог на највисоко ниво за економскиот развој во регионот.
Министерот за надворешни работи на Словачка Јан Кубиш на 63. сесија на Економската комисија за Европа официјално ќе ја презеде должноста нов извршен секретар на Комисијата.
Економската комисија за Европа основана е во 1947 година од Економско-социјалниот совет при ОН и е една од петте регионални комисии на Светската организација, покрај оние за Азија и Пацификот, за Латинска Америка и Карибите, за Африка и за Западна Азија. Нејзина главна цел е промовирање паневропска економска интеграција преку дебати на економски и други прашања поврзани со економијата. Во ЕЦЕ членуваат 56 земји меѓу кои членки на ЕУ и други држави во Европа, држави од Комонвелтот на независни држави, како и од Северна Америка.
ЕЦЕ обезбедува анализи, совети за политики и поддршка на влади во согласност со глобалниот мандат на ОН во економската сфера и во соработка со други меѓународни институции кои се чинители на глобалната сцена. Комисијата исто така поставува норми, стандарди и конвенции за олеснување на меѓународната соработка во рамки и надвор од регионот. Области во кои ЕЦЕ нуди експертиза се економската соработка и интеграцијата, енергијата, животната средина, домувањето и менаџирањето со имоти, популацијата, статистиката, трговија и транспорт. Преку 70 меѓународни професионални организации и други невладини организации, исто така учествуваат во активноста на ЕЦЕ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град