Светски ден на театарот

„Да се прави театар значи да се фрли светлина на сцената од нашиот секојдневен живот“, е дел од меѓународната порака по повод 27 март – Светскиот ден на театарот.

teatar
театар

„Да се прави театар значи да се фрли светлина на сцената од нашиот секојдневен живот“, е дел од меѓународната порака по повод 27 март – Светскиот ден на театарот.

Традиционално на овој ден, во театрите низ целиот свет, претставите почнуваат со читање на Меѓународната порака, која годинава ја упати познатиот бразилски театарски режисер, драмски писател и политичар Аугусто Боал.

teatar„Една од главните функции на нашата уметност е да и ги приближиме на нашата свест претставите од секојдневниот живот каде што актерите се истовремено и публика, и каде што сцената и публиката стануваат едно. Ние сите сме актери: правејќи театар, се учиме да го видиме тоа што е очевидно но не го гледаме, бидејќи немаме навика да гледаме. Тоа што ни е секојдневно останува невидливо за нас“, се вели во универзалната порака по повод Светскиот ден на театарот.

На претставите што денеска ќе бидат поставени во театрите низ Македонија ќе биде прочитана и националната порака од актерот Ѓорѓи Јолевски.

„Театарот е местото каде што се чувствувам жив и каде што можам слободно да дишам. И да верувам дека мојот партнер – гледачот, после добиената доза волшебство, ќе се врати во својот свет променет“, наведува Јолевски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top