Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во Рига ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи од иницијативата Адриатик-Балтик-Атлантик чиј домаќин е шефот на летонската дипломатија Марис Риекстинш.
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во Рига ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи од иницијативата Адриатик-Балтик-Атлантик чиј домаќин е шефот на летонската дипломатија Марис Риекстинш.
Како што јавува известувачот на МИА, на состанокот ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Албанија Љуљзим Баша, на БиХ Свен Алкалај, на Хрватска Гордан Јандроковиќ, на Естонија Урмас Пает, на Литванија Вајгаудас Ушакас, политичкиот директор во црногорското МНР Веско Гарчевиќ шеф на секторот за НАТО и ЕУ, како и заменик помошникот државен секретар на САД Стјуарт Џонс.
Состанокот ќе има две сесии – “Развојот на безбедносната состојба во Европа пред 60-тата годиснина на НАТО” и “Заедничката перспектива на понатамошниот развој во регионот на Западен Балкан, реформи, соработка и интеграција во Евроатлантските структури”.
Учесниците на состанокот во Рига ќе разговараат за актуелни прашања во контекст на регионалната и глобалната безбедност и ќе разменат мислења за агендата на претстојниот самит на НАТО што ќе се одржи на 3 и 4 април во Стразбур и Кел.
Според летонското Министерство за надворешни работи состанокот на иницијативата Адриатик-Балтик-Атлантик во Рига е одраз на успешниот дијалог кој постојано се развива и обезбедува рамка за размена на ставови за искуствата од евроатлантската интеграција, како и за регионалната соработка.
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски вчера во Рига се сретна со шефот на летонската дипломатија Марис Риекстинш со кого разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, за прашања од заеднички интерес како што се ЕУ и НАТО, за процесот на визна либерализација на Македонија, за регионални прашања, и за локалните и претседателски избори.
Милошоски вчера се сретна и со претседателот на Летонија Валдис Залтерс, а потоа и со претседавачите на комитетите за надворешни работи и за европски прашања на летонскиот Парламент Андрис Берзинш и Ваира Паегле.
Во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на иницијативата Адриатик-Балтик-Атлантик, синоќа беше организирана работна вечера, а шефот на македонската диплматија претходно се сретна и со заменикот помошник државен секретар на САД Стјуарт Џонс.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град