Министерот за одбрана Зоран Коњановски денеска во Битола ќе ја прими американска делегација, предводена од генерал-мајор Мајкл Дуби, командант на Националната гарда на сојузната држава Вермонт.
Министерот за одбрана Зоран Коњановски денеска во Битола ќе ја прими американска делегација, предводена од генерал-мајор Мајкл Дуби, командант на Националната гарда на сојузната држава Вермонт.
Како што соопшти Министерството за одбрана, Коњановски и американската делегација ќе ја посетат спомен-куќата на Кемал Ататурк, античкиот локалитет Хераклеја и Музејот на Пелистер, каде што ќе ја разгледаат поставката на експонати од Првата светска војна.
Делегацијата од САД претходно оствари експертски средби во институции во земјава и имаше средба и со претседателот Бранко Црвенковски и со началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Мирослав Стојановски.
Американската сојузна држава Вермонт од 1995 година е збратимена со Република Македонија во областа на армиската соработка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град