Грција го отфрли Извештајот за македонското малцинство

Горди на својот грчки род и културен идентитет, со незначителни исклучоци се жителите на грчката област Македонија.

Atina
Атина

Горди на својот грчки род и културен идентитет, со незначителни исклучоци се жителите на грчката област Македонија.

Ова е дел од одговорот на постојаниот претставник на Грција во ООН Франгискос Верос на Извештајот на независниот експерт за права на малцинствата на Организацијата, Гај МекДугал, пренесува Макфакс.

AtinaАмбасадорот Верос потенцирал дека не може да се признае правото на секого да го нарушува културното наследство на елинизмот, ниту пак по однос на етничкиот идентитет на 2,5 милиони Грци во областа Македонија.

Врз основа на меѓународните договори, Грција признава само едно малцинство – муслиманското, кое живее во областа Тракија, рече Верос во расправата за Извештајот пред Советот за човекови права на ОН во Женева.

Според него, Атина во целост го почитува правото на секој граѓанин на самоопределба.

 

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top