Бугарски автобус настрада на патот Куманово-Крива Паланка

Скршеници на клучната коска, на ребра, на рака, на пршлени од р’бетниот столб… се најголемиот дел од тешко повредените петмина бугарски граѓани по вчерашната тешка сообраќајна несреќа кога бугарски автобус се преврте на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

avtobus

bonicaОд болницата во Крива Паланка, каде што се згрижени сите 26 повредени лица, велат дека помош на повредените се укажувало во текот на целата ноќ, дека повредите се санирани и дека немало потреба повредените да се пренесуваат во други здравствени установи.

Само еден пациент има скршеница која ќе треба оперативно да се санира.

Веќе е организиран и превоз за оние пациенти кои можат да бидат транспортирани во Бугарија на понатамошно лекување.

Полесно повредените лица се главно со набиеници по рацете и нозете и тие се пуштени на домашно лекување.

Во автобусот имало 43 патници. Се претпостаавува дека шоферот ја изгубил контролата и автобусот се превртел и удрил во дрво во близина на селото Опила.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top