Средношколска среда и бесплатен јавен превоз за студентите

Два нови проекта, еден за студентите и уште еден за средношколците, најави премиерот Никола Груевски во обраќањето на свечената академија по повод празникот Свети Климент Охридски.

avtobus

Два нови проекта, еден за студентите и уште еден за средношколците, најави премиерот Никола Груевски во обраќањето на свечената академија по повод празникот Свети Климент Охридски.

prevozКако што рече Груевски, двата проекта ќе стартуваат од 1-ви јануари 2016 година. Со првиот е предвидено обезбедување бесплатен превоз за сите редовни студенти на државните универзитети, додека со вториот т.н. средношколска среда, на сите средношколци од државата секоја среда ќе им биде обезбеден бесплатен железнички превоз, бесплатен билет за жичницата на Водно, како и бесплатни карти за во кино и театар.

На двата нови проекта, напомена премиерот, се работело подолго време со стручни тимови.

-Сите редовни студенти од државните универзитети од идната година секој ден ќе имаат бесплатен јавен превоз за сите линии. Доделени ќе им бидат картички од јавните сообраќајни претпријатија, а Владата, за да се спроведе оваа мерка, ќе исплаќа трансфери на средства, информира Груевски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top