Министерот за информатичко општество на Република Македонија Иво Ивановски денеска ќе престојува во работна посета на Република Србија.
Министерот за информатичко општество на Република Македонија Иво Ивановски денеска ќе престојува во работна посета на Република Србија.
Како што соопшти владината прес-служба, Ивановски во Белград ќе се сретне со министерот за телекомуникации и информатичко општество Јасна Матиќ, со министерот за државна управа и локална самоуправа Милан Марковиќ и со директорот на Заводот за информатика и интернет Дамир Баралиќ.
Целта на овие средби е продлабочување и зајакнување на меѓусебните односи и размена на искуствата на Република Македонија и Република Србија во развојот на информатичкото општество.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град