Делегација на Министерството за одбрана, предводена од министерот за одбрана Зоран Коњановски, ќе учествува на Првиот проширен состанок на министрите за одбрана на земјите од Американско – Јадранската повелба, кој ќе се одржи утре и задутре во Загреб.
Делегација на Министерството за одбрана, предводена од министерот за одбрана Зоран Коњановски, ќе учествува на Првиот проширен состанок на министрите за одбрана на земјите од Американско – Јадранската повелба, кој ќе се одржи утре и задутре во Загреб.
Средбата ќе ја отвори хрватскиот премиер Иво Санадер, а потоа на присутните ќе им се обрати министерот за одбрана на Хрватска Бранко Вукелиќ.
Учесниците на состанокот во рамки на двете панел дискусии насловени како „НАТО во Југоисточна Европа: Придонес кон мирот и стабилноста преку евроатлантските интеграции“ и „Операциите за поддршка на мирот и кризен менаџмент: Придонес на земјите од ЈИЕ“ ќе се осврнат на повеќе теми од сферата на безбедноста во регионот.
Тие ќе разговараат за предизвиците и актуелните настани во безбедноста во ЈИЕ, новите можности за регионалната соработка во рамки на Американско-Јадранската повелба, улогата на НАТО во регионот преку соработка и помош во реформите на безбедносниот и одбранбениот сектор, проширувањето на Алијансата, како и придонесот на земјите од регионот кон мирот и стабилноста, преку учество во мировни операции во светот.
Овој состанок е прв од ваков тип по вклучувањето на Црна Гора и Босна и Херцеговина во Американско-Јадранската група, кое беше формализирано за време на министерската конференција на ОБСЕ, одржана во декември во Хелсинки.
На средбата освен земјите потписнички на Јадранската повелба ќе учествуваат и министрите за одбрана на Србија, Словенија, Унгарија, Романија, Бугарија, Грција и Турција, како и високи претставници на Европската унија и на НАТО.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град