Досега кружни тури за овие туристи се организираат во Словенија, Хрватска, Црна Гора и Босна, но според растечкиот тренд, се очекува тие да продрат и на српскиот и македонскиот туристички пазар. Охрид и во 2016та пред се ќе се нуди на европскиот пазар.
Кружни тури за туристи од Далечниот Исток наскоро се очекуваат и на македонскиот туристички пазар. Според Емил Димитровски, член на Управниот одбор на Стопанската комора за туризам, во наредниот период, европските дестинации ќе бидат повеќе барани, за разлика од дестинациите на Блискиот Исток. Тој смета дека во 2016та пред се ќе има интерес за турите на Јадранско и Егејско Море, Грција, Италија и Шпанија. Што се однесува до Балканот, Димитровски вели дека се поактуелни ќе стануваат кружните тури за туристите од Далечниот Исток, Јапонија, Кореа и Индија, за кои тој очекува да се појават и на македонскиот туристички пазар.
“Сметам дека се повеќе групи од Далечниот Исток, Индија, почнуваат да продираат на Балканот бидејќи бараат нови дестинации и се повеќе и повеќе групи се присутни во регионот. Балканските тури обично се присутни во Словенија, Љубљана го прават кругот Словенија, Хрватска, Црна Гора и Босна и се враќаат назад, но се зголемува и теренот, така да очекувам во наредната година да се продолжи кон Албанија, Македонија и Србија.”-вели Емил Димитровски, член на Управниот одбор на Стопанската комора за туризам.
Што се однесува пак на летните туристички дестинации кои ќе бидат нудени, а во кои предничи нашиот Охрид, Димитровски вели дека и во 2016та година како и досега ќе се ограничат на нудење на нашите дестинации на европскиот пазар. Нивна цел вели дека е да успеат туристите да ги привлечат да доаѓаат кај нас, наместо истите да одат на седмодневни аранжмани во Црна Гора или Хрватска.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град