Анкетната комисија за прислушувањето, на старт се „сопна“

Деловникот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето ќе биде гласан некој друг ден од оваа недела, кога ќе заврши усогласувањето меѓу 16-те члена. За ВМРО ДПМНЕ најспорно е што претседателот Петре Шилегов предлага неговиот глас да биде одлучувачки, доколку некоја предлог-одлука добие подеднаков број гласови „за“ и „против“.

komisija

komisijaДеловникот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето ќе биде гласан некој друг ден од оваа недела, кога ќе заврши усогласувањето меѓу 16-те члена. За ВМРО ДПМНЕ најспорно е што претседателот Петре Шилегов предлага неговиот глас да биде одлучувачки, доколку некоја предлог-одлука добие подеднаков број гласови „за“ и „против“.

Владеачката партија смета дека најголем недостаток е што Шилегов самиот подготвил предлог-Деловник, без договор со другите членови. Но, тој ова го сфати како опструкција на денешната седница, бидејќи предлогот го доставил по елетронска пошта уште пред пет дена, а не добил ниту една забелешка. Бројните меѓусебни префрлувања завршија со договор за координација. Оваа комисија има шест недели да испраша по три сведока предложени од секоја пратеничка група. До крајот на јануари треба да подготви извештај во кој, ќе ја утврди хронолигијата на настаните и околностите, политичката одговорност поврзана со прислушувањето и со содржината на објавените материјали и препораки за да не се повтори ваков скандал.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top