„Пржино“ преживеа, Македонија доби преодна влада

Партиите потписнички на Договорот од 2 јуни познат како договорот од Пржино по долги и мачни преговори рано утринава успеаја да се договорат за законоте за влада, законот за дојавувачи на корупција, како и законот за заштита на приватноста кој што се однесува на објавувањето на материјалите поврзани со таканаречените „бомби“.

lideri

Партиите потписнички на Договорот од 2 јуни познат како договорот од Пржино по долги и мачни преговори рано утринава успеаја да се договорат за законоте за влада, законот за дојавувачи на корупција, како и законот за заштита на приватноста кој што се однесува на објавувањето на материјалите поврзани со таканаречените „бомби“.

lideriСДСМ ги доби договорените позиции во министерствата за внатрешни работи и труд и социјална политика, а постигнат е и договор за изборот на заменици во секое министерства.

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски ќе биде министер за внатрешни работи, потпретседателката Фросина Ременски министерка за труд и социјална политика, заменик министер за финансии од редовите на опозицијата во министертвото за финасии е Кире Наумовов, потпретседателот Александар Кирацовски доаѓа на позицијата заменик министер за информатичко општество, а шефот на кабинетот на Зоран Заев, Љупчо Николовски ќе биде заменик министер за земјоделие.

-Ова го правиме да добиеме гаранција за граѓаните за слободно изразена волја на изборите на 24-ти април, каде што покрај власта, гарантира и опозицијата. Истовремено, во овој период да ја подобриме нашата Македонија со демократизација на институциите, пред `се во делот на медиумите, во правосудството, во другите корективи во општеството, како Антикорупциската комисија и некои други институции, затоа што зголемена демократија во институциите ќе значи дека сите сме победници , рече лидеррот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на средбата рано утринава.

lideri-Изборите се желба на ВМРО-ДПМНЕ да се излезе пред граѓаните и граѓаните да го дадат својот суд. Тие се тие што одлучуваат. Тие и овојпат ќе покажат пред целата европска и светска јавност дека не е можно со валкани игри да се дојде до победа. Тоа сакам да го види СДСМ. Да се покаже дека со интриги и валкани игри, манесто со труд и работа не се доаѓа на власт, рече премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на крајот од средбата.

Денеска беше избран и тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Со ова за затворија некоие од точките кои беа најголеми камења на сопнување во процесот на имплементација на Договорот од Пржино. Токму изборот на министри од редовите на опозицијата кој требаше да се случи на 20 октомври речиси го загрози опстанокот на договорот. Странските медијатори и отворено ја посочија вината во владејачката партија за прекинот во процесот на преговори.

Претходно проблем имаше и со тимот на Јанева кога судските институции наместо бараните 14 обвиниттели и одобрија тим од само 7 обвинители. Специјалното обвинителство има задача да ги истражи индициите за корупција и организиран криминал кои поттекнуваат од објавените прислушувани материјали коишто на почетокот на оваа година во серијал го објавуваше лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Во јануари се очекува и оставка на премиерот Никола Груевски како дел од договорот од Пржино, а во пресрет на предвременитте парламентарни избори во Април 2016 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top