Намалување на цената на 282 лека

Министерството за здравство изврши ново намалување на цените на вкупно 282 лека. Со ова осмо по ред намалување, вкупната годишна заштеда ќе биде над еден милион евра. Со намалувањето опфатени се лековите за болничко лекување и лековите кои граѓаните ги купуваат во аптеките.

lekovi

Министерството за здравство изврши ново намалување на цените на вкупно 282 лека. Со ова осмо по ред намалување, вкупната годишна заштеда ќе биде над еден милион евра. Со намалувањето опфатени се лековите за болничко лекување и лековите кои граѓаните ги купуваат во аптеките.

lekovi–Намалувањето на цените на лековите е системска реформа на Владата на република Македонија и Министерствоот за здравство и Агенцијата за лекови која во континуитет ја спроведуваме со цел да овозможиме поголема достапност на лековите кои се неопходни за лекување на одредени заболувања, како и за превенција и одржување на здравјето, истакна вчера министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека намалени се малопродажните и големопродажните цени на 203 генерички лекови и на 79 оригинатори и иновативни лекови.

Најголемо намалување на малопродажна цена кај некои од најчесто употребуваните генерички лекови има кај „золендронска киселина“ – лек за третман на остеопороза и рак на коски, „лориста Х“ – лек за висок крвен притисок, „еманера“ – лек за гастроинтестиналниот тракт, „пропофол липуро“ – емулзија за инјектирање или инфузија и „реодон“ – лек за третман на дијабет.

Кај оригинаторите и иновативните лекови најголемо намалување на малопродажна цена има кај „церезим“ – лек за третман на Гоше, вродено ретко заболување, „авонекс“ – лек за третман на Мултипла склероза, „клексан“ и „рофилак“.

Со претходните седум намалувања на цените на лековите почнувајќи од 1 февруари 2012 година вкупно се опфатени над 4.500 лека, а вкупната остварена заштеда за здравствениот систем изнесува околу 32 милиони евра, средства кои остануваат во системот и се пренаменуваат за други здравствени услуги. Повеќепати се намалени амлопидинот, клопидогрелот, лосартанот и бонвитата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top