24 години независна Македонија

Уште еднаш,  8-ми септември е потсетување дека на овој ден пред 24 години Република Македонија се стекна со независност на еден дел од својата етничка територија и само за еден дел од македонскиот народ.

smena

Уште еднаш,  8-ми септември е потсетување дека на овој ден пред 24 години Република Македонија се стекна со независност на еден дел од својата етничка територија и само за еден дел од македонскиот народ.

drzavnici– Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија.

Со овие зборови пред 15 години тогашниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров се обрати пред граѓаните кои спонтано се собираа на плоштадот Македонија за да го прослават успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство – 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија.

На референдумот му предходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година.

Формално, волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

logoСледен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Мнозинскиот дел од албанската етничка заедница го бојкотираше референдумот, а пратениците Албанци во Собранието не го поддржаа новиот Устав.

Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.
Во изминатите 24 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели – зацврстување на демократијата и интеграција во евроатлантските структури.

Последниве години ги одбележи процесот на прилагодување на законодавството кон легислативата на Европската унија, децентрализација на власта, реформите во одбраната.

Македонија денес има воспоставено дипломатски односи со 155 држави во светот, а под уставното име е признаена од 113 меѓу кои и три од членките во Советот за безбедност – Кина, Руската Федерација и САД.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top